То братчееее тооооооо. Овде на увце овде близу влакнава со виолината. Р`сниии: “ Душавааа, само знаееееее……ЖА`клинааааа љубооовв мојаааа, ЖА`клинаааааа желбоооо мојаааа….“ . Слушај го батево слушај гооо. Пооо Паганини. Е вака братче од сега. Вака. Само на ЦД ќе мојме Цанета да го слушаме кај шо ја пејт “ЖА`клина“.

Немат брате појќе во живо нарачвење Жаклина јок брате. Умре времето тазе ко излезе Жаклина ко се веселевме, ко ја нарачвевме Жаклина, пеј, рикај, крши чаши….и то све за 100 денари. Да бе. Акни му на пејачот 100 денари и рикат на увце само за твој ќејв. Е сега Жаклина чинит 442 712.00. А не 100. Бар ова цена ја кажа Диме Левион. Ваљда ја нарачал негде.

Ама види тогаш беше Жаклина прикажана како младо моме, скромно. А сега после толку години е прва дама, зато одма корекција на нарачката. Ој сеа да те видам Жаклина во живо. Све поскапвит еве и та поскапе. Ај пушти го ЦД-то да се озрачиме со ракија и да се веселиме.

Ама само уште еднаш појќе не. Да не трошиме струја з`ш и струјава ја корегираа во пакет. Да бе. Мада да ти кажам малку ние како народ претервиме со муабетиве. Не ќе е баш така ко шо си мислиме ние. Мене ме бендисвит шо ќе си имат ред во плаќањево.

Ама само ако го разбираш то ко мене. З`ш види. Немојт појќе ѓутуре да се наплаќат. Зависит колку трошиш така ќе си плаќаш. Фактички новиов систем носит арно за народов. Ако викат дека тој шо помалку трошит појќе плаќат, а тој шо трошит појќе помалку плаќат, ако имаш акал во глата ќе сфатиш дека то всушност е стимул за тие шо штедет и мрзнет. Да речиме трошиш 1000 киловати, ќе платиш 10 000 денари, односно исто како онај шо потрошил 2000. Па ќе си речиш шо да штедам да му се прднам и одма џаанг климата на 32 степени. Е видиш. Шо викат она старана македонска, народна, патриотска поговорка: “У том Зецу грми лежи“.

Абре ти реков јас. Мислат на народецов. Не туку така. Фала им. Фала им и на Бочварски и Рустеми. Решителни се бре двајцата. Први се кои ојдоја да напрает увид на градежните активности на автопатот Охрид-Кичево. Абре Цунг Фо Санг Пен не е уште ојден, а тие ојдоја. Додуша фала ѝ и на предходната влада шо така се ангажираа како и на оваа за напорите и трудот за експресно да се завршит ова делница.

Све започна во 2014 година и еве кај да е патот ќе е готов. Додуша Бочварски даде уште една година до 2023, ама како и да е готов е. Да му се напрдам шо се 9 години за 50 километри. Ден работа. Мада не знам з`ш толку се брзат да се средит патот з`ш и ваков каков е ја исполнвит својата цел. Еве до сега имаме дестина мртви и стотици повредени. Нека не брзет. Ако не овај петок другата среда ќе се завршит.

Сега ќе ме извиниш ќе морат да завршам з`ш следвит дискусија по апелација за командатавет Форина. Да видам шо ќе бидит. Мада убо рече Ковачески. Требит убо да се преслушат и проверит снимката. Морат да се утврдит дали то е негов глас или пак нешто е монтирано, сечено, лепено. З`ш искрено онај делон кај ши викат чи нонен некако ко да пискат ко да е мало момиче. Ко шведски да зборвит. Ко да…

Зато јас не вервам на све шо ќе речат. И сите требит да пазиме на кого му вервиме.

ЏИМИ

Ставовите објавени во рубриката Писма-Колумни се гледиште на авторите и редакцијата на OhridNews не сноси одоговорност за содржината на истите.