Уште сега ми идат слика. Вимблдон. Џуба џуба луѓе. Се орит: Македонија, Македонија….некој пак од странциве…..Мацедоница, кој  Мацидонецо, ак имат пак во публиката јапанац некој…..Мацедонемура, Мацедонемура…вриштат сите, коси корнат, а мене солзи сами капат прости ми, кралицана ја држит она табакана ко за локуми да му ја врачит, негде прикрај е ……за својтееее правдинииииииииииии….и конечно од разгласон: Дис иар винер ис Трпе Петкоски, Мацедонија, вилиџ Орешани, комунити Зелениковооооооооооо. Значи Вимблдон ќе го освојме. А само малку ни фалит НСРМ да ја задржиме.

Абре не чуди се. Ова ќе не снајт. Па отворен автобус од Англија довде, па Гоце на тераса, па труимфална порта, па под мадињана од Букефала, па на бина стигвит Трпе, го  чекат Коле…на 11 октомври, кога јас , заедно со директорот на Агенцијата за млади и спорт Лазар Поповски и градоначалникот на Општина Зелениково Веле Груевски ја пресековме лентата, вервевме дека….

Де бре Коле. И јас вервев. И јас реков дека на Орешани  уште то му фалит. Тениски терени. Море море одма ко нагрнаа тениски таленти, море све фрлија и плугој и рала и све заменија со рекети, опинците со најки, футите со бели фустанчиња и ката ден, ката ноќ, тенис да се играт. Ам така се прајт. Ко ќе средиш, све мојш и тениски терени да отвораш. Браво. И да се продолжит сега. По ред: Јурумлери, Мралино, Таор, Инџиково, Моране, Сушица, Ржаничино, Огњанци, таму неморат ендецине смрдени да се средат, тениско игралиште да имат. Абре сегде, низ цела НСРМ да се отворат, во сите села да имат тениски игралишта зш иднината на државава е во тенисот. Ам како. Пример замисли. Си сејт бабана во Сарамзално, со иглите си плетит, врти, потфрли, надфрли, прескокниго, ќе се уморит еден сервис и пак на игла. А ?

Е сега за  во наше Шипокно кај шо гарантирам од оние 5 души шо се над 90 години бар двајца таленти ќе излезат, е таму Аце ќе си сечит лента. Најсетне во наше Шипокно ако не мастерс некој челинџ мојт да се оддржит. Не така?  Море алал да му е  и нему. Ете за 11-ти октомври, на 71 – годишницата од ко ја чистел некој пушката па пукнала, Аце отвори и кружен тек. Е сега незнам дал е поприкладно да се речит отвори или го пушти во употреба. Как да е, имаше играорци, се играше се пееше се палардисвеше, е сега не ко за Г`спапирницана “Сити Мол“, ама беше весело. Ете се отворија две детски игралишта. Полни со две нишалки, три скали и по една настрешница.

Само едно ме јајт јанѕа. Како двајцава одлучија да отворат баш на 11-ти октомври? Ам делми рековме тогаш во жижа се борциве. Толку да се витални па за нив да се отворија? Мада и не ме чудит. Каков однос имат државава кон нив слободно можат в песок да си игрет и да прает колачиња од кал.

На овај ден, дан се разбериме криво, за многу години да ни е, неколку работи ми се разјаснаа. Чим се најдоа толку луѓе да ни го честитет празников  Господ знајт колку имало тогаш шо се бореле. Е сега малку чудно ми беше, нормално имаше и многу од нив од преживеаните, па се помачив со математикава тро. Ако овие шо ги видов славет 71 година од прв пат ко пукнале, ами кога пукнале прв пат????? На 5, на 4, на 7 години???  Незнам. Нејсе. Нек ни се здрави и живи.

А од друга страна морат да признајме дека уште во две работи отворањето на тениското игралиште, во тениската мека во НСРМ, Орешани, имаше директно влијание на уште две работи битни за нас, како македонци. Да бе. Прво ја спаси коалицијата ДПМНЕ – ДУИ. Зато шо и двата лидери се јаки играчи. Го зезнаа главниот судија. Банета. Знајме дека месециве Коле на Аметија му напрај неколку брејка, па почнаа рибрејкој од борецов за права на традиционално угнетениве и таман судијава Бане очеквеше ас од Аметија…..ко то Коле уше еден брејк и дојдоа на џус. И ај шо дојдоа на џус. Никако да му текнит на Банета дека овие години се и години ќе се на џус без адвантиџ од едниот и од другит. Плус то не еднаш сме виделе дека посебно овие од  ДУИ се јаки играчи со рекет. 

И второ,  Орешани  имаше и индирекнти и директно влијание на ептем позитивниот извештај на Европската Комисија. Да бе. Заради Орешани  добивме препоептемнајубав извештај.  Е  ваков извештај сакам. Сега сме чекор понапред. Досега бевме пред оградата неречена ЕУ, а  сега сме со една нога преку ограда. Аферим, ашколсум, браво за нас. Само една работа дан заборајме. Другата нога уште ние пред оградата и ние во моментов сејме така равчалени  над ограда. А знајме дека оградата наречена ЕУ горе е со бодликава жица, над која сме ние сега равчалени. Дан испаднит ко бикот со мадињата. А?

ЏИМИ
[email protected]

*Ставовите изнесени во рубриката Писма-Колумни се ставови на авторите и редакцијата на OhridNews не сноси одоговорност за содржината на истите.