Денес го жалиме заминувањето на саканиот ни пријател Здравиот Разум кој беше со нас сиве овие години. Никој не знае колку беше стар ако се земе предвид дека неговато крштениче е одамна загубено во бирократските лавиринти.
Ќе биде запаметен по тоа што упорно се држеше до драгоцените  животни лекции:

1. Навреме засолнете се од дождот
2. Кој рано рани, две среќи граби
3. Животот не е секогаш фер
4. Можеби е моја вина…итн

Здрав Разум живееше по едноставни економски правила:

1.  Не троши повеќе од она што заработуваш и испробани стратегии,

2. Возрасните, а не децата ги водат работите.

Неговото здравје нагло се наруши кога беа воведени добро замислени, но преоптоварувачки регулативи. Извештаите за “6-годишно момче оптужено за сексуално вознемирување затоа што бакнал девојче” и “Учителка отпуштена од работа затоа што казнила невоспитан ученик” само го влошија неговото ионака кревко здравје.
 
Здрав Разум сосем го загуби тлото од под нозе кога родителите ги нападнаа наставниците затоа што ја работат работата која тие не ја сработиле – да ги дисциплинираат нивните невоспитани деца. Пропадна уште повеќе кога школите мораа добијат согласност од родителите на децата да им дадат завој, ханзапласт или аспирин, но не смееја да ги известат родителите ако е ученичката трудна и сака да абортира. Здрав Разум ја загуби желбата за живот откако црквата постана бизнис, а криминалците почнаа да добиваат подобар третман од своите жртви.
 
Здрав Разум е претепан откако не можете да се браните од провалник во сопствениот стан затоа што провалникот може да ве тужи ВАС за напад. Здрав Разум конечно се одрекна од желба за живот кога една жена пропушти да сфати дека кафето што парее во шољата е жешко, го истури в скут и за тоа доби дебела отштета.

Здрав Разум ќе биде испратен од неговите најблиски, родителите Вистина и Доверба, неговата сопруга Дискреција, ќерката Одговорност и синот Логика. Зад него остануваат четирите полу-браќа Ги Знам своите Права, Сакам Одма, Некој Друг е Крив и Јас сум Жртва.

На погребот имаше малку присутни затоа што многумина не ни знаеја дека заминал.

Лесна му земја
 
by Rick Archer

превод и адаптација
Спаско Костоски