И така си поминаа 5 – години од постоењето на Охрид Њуз(с). И овој портал растеше и растеше и порасна во она шо е сега. Најчитаниот портал во самостојна независна, ваљда наша, Република Македонија. Како растеше порталот така растеше и мојата колумна и јас како колумнист. Дали прерасна како порталот во најчитаната колумна то оставам на вас читателите да кажите.

Некој закључок за овие 5 години, по реакциите ваши во секој вид на комуникација можам да донесам. А реакции колку сакаш и какви сакаш. Од оние пофални, убај за мене, кој не се многу за спомвење во ваква тема,  до оние: “комуњару смрден…бугарофилу низаеден…да му го БИБ  ти на Никола….Бранко да ти читат говор пред толпа луѓе…..“. 

Знајш дека ова последното ме бендиса? Јас и Борис единствените со говор на Бранко. Само ќе го замолам да не велит за мојте деца дека тогаш сите ќе им се татковци. Зш то ќе значит дека на жена ми….скраја да е. Имаше и еден коментар или можда појќе клетва која беше ваква: “….застој се со јадењето лајна против Ацета наш, да би прудоли не се застол, пред река да се застојш, да би вода не се напил…“. Ова беше од пештанска адреса. Не дека не ми беше јасна ама мојше да е пократка:“Коњу, волу….“

А почна вака: “….Го гледав Бојан. Уствари Бојан тире тринајска. Дан беше пак Бојанка –  тринаесет? Појма немам!!! Како и да е…..бре бре шо ќе беше уба она детено!!! Лепотица. Џанам лепотиц.  А и паметен. Богами. Аха. Ак лажам бра да не најт за негојне убај цицки…(26.01.2007)

Чепкавме сегде и све.  Чепкавме на локално ниво: “…..Ејјјјјј. Алооооо. Кај паркираш море слепец еден. Ќор си дека тука го тресам чаршавов од ручек? После ќе јајш трици, охриѓани ги мрзат скопјани и намерно ги….Кај ќе ја истресам пепељарава, сељак еден“. „Знам бе дечки, ама кај да паркирам коа на секаде згради сте…….“. „ Кому бре ти дечки. Ќор си дека сум сум сам, дечко ќе речиш. И нема ама!! …“(02.10.2007)

Чепкавме и надвор од Охрида града:“…. Тук ова скопјанишчава ми беше зборот. По по по среќни. Морееее как се радвет сега. Ко мајка на кафеава какачка, ко дедо на вијагра, ко баба на дедо накљукан со вијагра се радвет сега пустински тие со новион кружен тек. Или полукружен? Незнам како е правилно. Уствари овај полукружен или кружен скупски тек не е баш полукружен или кружен. Шо би се рекло “тази дупка не е дупка“. Или тази круг е јајце.  Да бе. А која дупка шо е скупска е дупка??? Дупчиште…“(31.10.2011)

Не заборјавме да бидиме и самокритични:“… . Тргам од цигарево, ветре дуфкат по малку, ги креват она кесине од смокине исфрлени, г’с папирине ко ластојци ги вишит, прво во височина, па бам в езеро. Почвит бранче, бам на зидон, а од езероно штрас алги, реси, пластични шишиња, канти од уље, буреци шо им ги фрламе на лебедине. Абе гледка, брееееее…“(17.07.2007)

Му “пркосевме“ ( как да не) на грчиштана, а си се фалевме себеси:“… Абре господ да чуват  и да бранит и голман да станит. Кој бре? Грците ќе ни кажвет како да се викаме? А? На нас. На Македонија шо е југоисточно-балаканско-во ќошон лево, светска сила? А? Па со кого бре…? Абре сфатите еднаш Македонија е сила, и то не само сила туку ВЕЛЕ, ПЕРЕ,  па ако требит и МИТРЕ СИЛА. …“(28.10.2007)

Функционерите некако ни беа омилена тема. И на локално ниво:“…. Малку прошетав низ нашата, јапонска, култура и најдов дека кажвит поџомити некош то била одлика на големите страшни шогуни. Бинго. Аце се осеќат како шогун. Пооооо замисли…Аце Шогун. Е немат појќе на вести…“ градоначалникот на Охрид Аце Пе…“, јок. Од сега ќе е “…охридскиот шогун Ацемура  изјави за нашиот….“. А?(07.11.2011)

Ама и на државно:“… Абре ваков министер ни требеше. Ко Тодорчета. Спајдермен. Да ојт на контрола и све да проверит. Да влезит и во нужници, да видит дали е скинат синџирот од она за казанчено  за пуштање вода. Да видит дали чучањацон имат рецки кај стопалата или мојш да склизниш во купојте…“(21.11.2011)

Арно ама ми на највисоко ниво. Председателот:“…. . То Хорхе тоооо. То Џокица. Е не. Тој на нас без придавка. И то кој? Баросо. БИБ. Му текнало тој на нас да не онадит, да не спомнит, без да ни го придајт. Ар си саглам ти?! Мислеше не ќе ти вратиме? Мислеше ние коњ за трка немаме? А? Е имаме. Хорхе….“(17.10.2011)

И оние шо одавна се заминати во туѓина го постетивме на нас:“…. Ко ќе дојдат пејачиве наши овде со нив, тогедер, пејме, се римембер за вас таму и очиве ни се фул солзи. Како Сатеска Ривер ни течат. Со се електрик чпориња. Не за вас туку за нас, шо не сме кај вас заш ја фајнд информејшн дека таму и економикл ситуација ви се креват. Ми толдаше еден френд дека  драјвате скапи карој, билојте за  електрикалот, за бредот, вотерсот, оние за рингање, ви биле исто како кај нас. А и ерокрем сте итинг?Рили??…“(14.10.2007)

Еднаш се сеќавам дека еден наш познат политичар ме пофали за колумните но ми кладе замерка за охридскиот дијалект и пис устата шо ја имам. Му реков фала ама не му останав должен во една колумна и одговирв на софистициран “дијалект“:“… упорно ни го конектирет уесбе стикот и ни прает фалсе дата инсертејшн дека во држава све ни е на високо ниво. Не требит да имам кизнајт каков софтвер да кажам дека секој кој идат на власт идат под дифолт и за сите овие години мајката сексуално ни ја рефрешират повторувајќи ги операциите на инпут и аутпут. Нив ги болит скартот за то шо држава не ќе мојт ни илјада години да се апдејтират…“(23.12.2007)

Без разлика шо јас се мешам со новинарите во ова шо го прам не заборајвме дека во нив имат тиквари, никакви и во потрга на екслузивност испадвет дека се дибеци:“… Да ви се пљукнам на моралот, културата, обзирноста, ……абре новинари ( не сите новинари, смо некој )  на све да ви се пљукнам. Абре како не ви е срам?????? Иш. Мрш. Ќе ми кукате за вашата посрана слобода на новинарството??????? Море никаква слобода за вас. Не новинарска. Олкај сте да фукате на коктел. За то имате памет. А дал сте свесни заедно со си “Илинден“ колку подлабоко вие потонавте?????? “(11.09.2009)

Е овде пак удривме и со име, Латас:“… Си ми бил секогаш и секогаш ќе ми останиш антипатичен, ама после ова ми стана одвратен. Зато шо нити го врати Тоше, нити на ваков перфиден, селски, начин ќе откриеш која е вистината. Постигна друго. Разбуричка во срцата на сите шо го сакет Тоше и уште нешто, за луге ко тебе најважно: Продаде некој број појќе од весникот “ кој прв дознава“. Свитка џам. Како не ти е срам бре!!!!…“(10.11.2007)  или пак Дуле Мичиќ “Свет“:“…а да те потсетам  ли абдал еден дека меѓу нив се и: Доминика, Дора, Никола, Кристијан, Николче…..Галеничината на вујче што го немаат веќе…на кој ти, само ти, заслепен од пари слепец еден, проба да им го сквернавиш нивниот идол. Но и  покрај твојот гнасен обид, твојата минорност е минорно минорна за да тие сменат нешто освен да вапат за нивнот еден и еднинствен вујче. А можеше да им помогниш во грчот и маглата полесно да сватат зошто вујче не им е веќе тука. А ти шо напрај????!!! Ги искина….“

Имавме и омилени серии, Шехерзад:“… И кога нешто ќе ми откажат вака како да ми се наткреват  одоздола и само ми идет за ждригање, се дујам како дада Михрибан и многу нервозателен сум. И само се дерам. Гласов одма ми се прајт како на лав, како на бато Зафир. А ко ќе ми е погодено одма сум смирен, бичим Бенум сум. Ак сакат Бинјапи нека пропаднит ( скраја да е) мува не ме лазит….“(25.12.2009)

И вака мојме да тераме до следниот роденден. Малку е местото да се потсетиме како колумната растеше заедно со Охрид Њуз(с). Можда некогаш, во некое збирно печатено издание наречено книга. Пример. И пред да завршам  и да се придружам на честитките за роденденот да ве потсетам дека 26.01.2012 и оваа колумна ќе ја славит својата 5 –годишнина во Охрид Њуз(с). Зато морам да му се заблагодарам на Момир за местото отстапено, за нервите шо ги имат ко ќе чекат коментари за моето објавено.

Можам овде да редам со “фала“ до задутре. Те мама шо ме роди, те тато шо појма немаше тогаш за кондоми, те фала на децава шо ме трпат, те фала на женами шо ко ќе пишам  сум исклучен од све ко ЕВН од гром, но едно најголемо и најважно фала еве и со зборој ФАЛА до вас, до моите најголеми критичари, моите верни читатели. Немат сега да какам дека ова го прам само ради вас, зш вие не сте ми внуче од брат јас да прам некоја си жртва. Јасно е дека то го прам за хонорар. Ама ако не ја читате колумната ќе ја немат овде и аш хонорарот.

На крај да напоменам. Покрај познатите личности место во мојте колумни заземаа и обичните луѓе. Почвејќи од моето потесно смесјство: Ирина, Јаков, Леа, мама, тато и бато, па до пријателите како Шуле ( најчесто), Мира ( жена му – не викај му Мира многу), Сале (од ко ја затвори продавницана шетаме ко пусти гојда), Влатко и Рени Симјан (Рени нејдам во Тинекс уште ми е страв), Цветанчено ( мој јапанац), Бибе Пуле ( сваќе ќе дојдам на вино, ама сватот и тро мевце да понудеше, не ќе пијам со соленки???), Дачка (шо побргу да си отвориш Холдинг), Игор Дулац (ако не овај петок другата година ќе ни ја напрает улицана) и…и многу други…..Ако заборајв некој да не ми се љутит, да не ми се љутат сите спомнати во мојте колумни, да не се љутат и тие шо не се влезени до сега. Посебно овие последниве да пазат во комуникација со мене……ЈЕЕЕЕЕЕЕР НИКО НИЈЕ СИГУРАААН.

СРЕЌЕН 5-ТИ РОДЕНДЕН
ЏИМИ
[email protected]

* Ставовите изнесени во рубриката Писма-Колумни се ставови на авторите и редакцијата на OhridNews не сноси одоговорност за содржината на истите.