Е незнаев кај сум ко прочитав. Ми идаше вид виделина да не фатам. Да фатам. Ако по утрото денот се познават дека ќе ти е какан, лелеее си реков ојде цела недела јабана. Зш понеделникот прочитав, да би прочитан како згужвана новина на шоља останал кај го начекав кај се запустив. И то пази…го прочитав ко бев највесел.

Да бе. Гледам вести на Сител и баш во моментот ко рече Латас дека трендот на позитивната негатива на растот на чмар по гжс на гла на жител на НСРМ ојт во кревачка надолна линија, во моментот кога со жена ми си пукнавме, напрајвме гивми фајф, долу ојт кајрон: македонските тенисери паѓаат на АТП листата.

Мрак. Шок. Си реков како е можно да паднат луѓето толку ниско. Колку јас шо пратам немет пропуштено ни еден АТП турнир, ни 500-ка ни 1000-ка. Еве последнава година учествуваа  на Мастерс Свирипичино, на Волково гран при, Паликура и Дреново фајнал фор, после Трубарево 1000 мастерс и да не редам. Чудно. Несфатливо. Нешто Бранко имат изматено.

Друго. АТП листата ме задума.. Си реков абре….до кој број ова листата имат рангирања? Над 10 000 на скалата та нашиве уште појќе паднале? Јас незнам зш не ја напрает до 5000 и кој е под 5000 ко нашиве нека оформет група на „Шпаклисти“. Тие шо игрет со шпакла, а не со рекет. Как да е јас се скренав.

Излегов. Да се средам од шокот, да прошетам. Тргнав за на бензиска да си купам апче за главоболка, зш почнаа и таму да се продавет, пумпашине ваљда беа на курс за фармацеути и по пат вообичаена идилична глетка. На 10 места се копаше зш некоја цевка од водовот пукнала, контејнерине полни, шо е нормално, зш тие не се редет да дремат празни, на две места со палки тепаа двајца наплатувачи за паркинг….Стигнав. Побарав кафетин на бензиска и Жарко не ми даде. Ми рече да напрам прво крвна слика, доплер на врат и колоноскопија па да се вратам со резултатите. Стручен чоек. Си знајт све за лекојте. Пумпаш.

Се враќам. Ме сретвит еден г-дин и ме праша дал сум јас тој шо пишам колумни. Реков да. Е рече поодвратно нешто немам читано. Не да ти се за нигде колумните туку ти се за нигде. Ми рече дека биле многу претенциозни и нарачани и дека појма сум немал од животов, нејќел насловот да го видит не да ги читат. Рече, за некој да ги читат мојте колумни требит да е рушен во глата, дебил и коњоштип. Бар такви биле последниве 120 колумни шо ги прочитал нечитајќи ми ги. Таман да се разделам со коњоштипов ме навреди ептем. Ми рече: лажиш како Субрата Рој.

Пукнав. И сега кој е претенциозен? Јас или тој? Шо е то шо го имат излажано Субри. Еве година ќе му носиме од ко све се договоривме со него и све си течит како шо требит. Хотел „Славија“ е купен пред една година и не работит. Околу имат многу убај пејсажни треви кои се полни со ендемични змии познати само кај нас и нигде во светот.

Чоекот вети дека ќе донесит 20 000 индиски крави кои требат да се спарат со македонските волој е засега ги немат. Ама ќе ги донесит де малку трпение. Останаа само македонските волој кравите ги немат ама трпеливи малку. Мајку му стара чоек од магаре ќе паднит па ќе починит, а не камоли да си во притвор.

Факт два: Од Субратините 5350 хектари се обработија дури 700 на кој се посади грашок за сточна храна, пред се за македонскава стока. Е сега кој мојт против природата шо градот, шо врнеше ги посра 300 хектари. Ам така дека не само брзај. Осудви. Прогласви го за лажго. Еве колку шо разбрав полека чоекот ги спремат и милионите еври и за споменикот за Мајка Тереза. Само да ги добројт и готово. Дур речиш оториноларингологија ќе се средит све.

Е зато ме изнервира тој шо рече дека лажам како Субратче. Полека бре луѓе. Секако мојме брат Субрата да го наречиме само лажго не. Чоекот не е магионичар и чак со стапот, магионичарски,  све да ни напрајт. Тој е милијардер пред све, бизнисмен, е сега последно време и притвореник ама пак то не значит дека е лош чоек најмалку лажго. Ев ние колку ги имаме во парламентов и лажговци, затвореници, борци за права и пак НСРМ функционират. Функционират?

ЏИМИ
[email protected]

 

*Изнесените ставови во рубриката „Отворена“ (писма – колумни) се лични ставови на авторите и редакцијата на OhridNews не сноси одговорност за изнесеното во нив.