“Не не дедо Папа. Стево не се зезаше со тебе. Абе тој одбра бордо дрес бичим поубав да си кој ќе ојш на јога, пилатес, аеробик….ама ете го повлекоа. Ќе ти дајт од другине нормалнине шо ја претставуват Македонија, а не Сао Роме унд Принципе. Види Папич…толку имал во глата тој шо го измислил. Знам де знам дека такви дресој и во Шутка на тезгине имат ама шо да прајме. Ќе ти са јавит Муамет ќе ти објаснит. А плус и Стиви наш не ни е по спортојве така да …..“

Евааа ми затвори. Абре денес збеснав со телефониве да бришам гомнејнци нашиве лидери шо прает, јас незна…..шшшшшшш ѕвонит шефицата:

“ООооо госпожо ЕУ како ми си? Како? Чек чек мирна. Послушајме. Ништо лошо не мислеше Зајко ко трасна….види вака…види….кабаетлија не е лош збор. Не значит нит курва нит радодајка нит мислеше дек ради тебе не сме во тебе ….ама види…ај смири се ќе те барам попосле убо да се подраспрашам шо значит тој збор. Ама 99%,102 мислам дека……“

Пооооо и ова ми ја тресна слушалката. Сиве се љути на нас. А како да не се ко кај појдовме се испосравме. А и Зајко шо кој онакво употребвит турски зборој ко експерт е за српски. А замисли таман со една нога бевме влезени кај госпожана, а и од втората палецот ни беше подвлезен овај, трасна зелена.

Јас знам шо значит ама како да речам дека Зеко ја обвини госпожа дека та е крива шо не сме кај неа влезени. Зш то значит кабаетлија. Стеве не го разбирам со онај пешкирон за на плажа. Ми глет стабилен. Ама прајминистеров го разборам з`ш се потпосра. Прво не му е прв пат. Ама друго…..абе чоекот имат страшен притисок од Мицале. Зоран Заев ова , Зоран Заев она….

Дури ојде во крајности. Мице шо ќе се напијаш – Зоран Заев, сакаш киселина во супата или лимон, Зоран Заев сакам, еве денес ЗЗ напрај да врнит, ЗЗ го мутира и во Индија посебно во Виетнам вирусов, ЗЗ е крив шо заборајв да купам тон г`с папир, а ми требит з`ш а уста отворив се пострав…Аве фала му на Бога шо Зоран Заев ни е премиер. Засмисли да ни беше некогашниот председател на заирското племе Силвестре Нанту Банту Гања???А???? Цела прес конференција ќе поминише во името со кое Мицко струјана е преокупипран.

Ко Мице шо е со Зајко преокупиран, така држава се преокупира со крадците на цреши во Вељуса Струмичко. Сите расположливи единици на полиција и на АРМ се упатија во конвој да се фатат тешките черешови криминалци. Безобразни. Абе како си дозволвите да крадите во место кое е блиску до Муртино. Алооооо. Ај Зоки е појќе Скопје, ама Вицето имат в земја влезено со си пари од срам.

И требит да се реагират. Батали ти кражби во станој, пукање по улици, шверц на дрога …..ама кражби на цреши???? Тибам све да ти ибам дното го достигнавме. Наместо да се зафатит Оливер со овај проблем тој ми ти ојт да гонит некој шо донесол 80 кила марихуана, 10 хероин….абре незнам з`ш трошит енергија за работа кај шо е све јасно. Јасно е кој ја носит и каде ојт и каде….абре в клинч во борба против црешокрадачите. Ако требит…

Шшшшшш…...„Еј Госпожа како сте? Да прашав, ангажиравме и стручни лица и од времето на Кемал Ататурк, еве ни објасвет. Имаме коминике. Ќе ви се јавам јас. Ако не овај петок, другата среда. Ќе го прашам и Путин з`ш тој…..“

Пак ми ја плесна. Оф мори мајко. А таман ни подвлезе палецот.

ЏИМИ

Ставовите објавени во рубриката Писма-Колумни се гледиште на авторите и редакцијата на OhridNews не сноси одоговорност за содржината на истите