По завршувањето на мечевите од групната фаза познати се патниците во осминафиналето од турнирот во мал фудбал Охрид 2012.


Како првопласирани во нокаут фазата одат екипите на АСП Пак, Кадмо, Бел Мерцедеc, Бекче, Дисконт Царовски и Вис Пој.

Второпласирани завршија екипите : Жито Леб, Ликвид, Спарадајс, Инекс Горица, Ресторан Балкан и Инбокс.

Најдобри третопласирани се екипите: Охридски Комуналец, Теди Комерц,  Сатеска и Бет ет Хоум.

Ждрепката за осминафиналните двојки ќе биде извршена во четврток во 20 часот во просториите на ЈП Билјанини Извори.

Ohridnews