Сезоната на квалитетни настани во Охрид продолжува.

На плажата „Куба Либре“ на 9 август, четврток, концерт ќе одржи Дамјан Пејчиноски квартет, засилен со вокалистот Џон Илија Апелгрин и гостинот од Бугарија Љубомир Тулумбаџиев на виолина.

Концертот почнува во 21 часот.

На 9 август во фиш ресторанот Лихнидос во центарот на Охрид настапуваат Тајфата и Димитар.

Настанот почнува во 21 часот.

На 10 август, петок, во прекрасниот амбиент на ресторанот Острово во Св.Наум, ќе се одржи долго очекуваниот концерт на групата „Галија“.

Концертот почнува во 21 часот, а организаторот во соработка со бродовите Александрија 1 и 2 обезбеди и превоз по воден пат до Св. Наум по симболична цена од 300 денари.

Вечерта на 10 август, петок, на плажата Куба Либре е резервирана за уживање и играње во латино ритам со танчери од Куба.

Почеток 21 часот.

На 11 август, сабота, нa плажата „Бонанца“, во населбата Св. Стефан, настап ќе има кубанскиот фламенко состав „Екос“.

Настанот почнува во 21 часот.

На 15 август, среда, на редовниот репертоар на плажата Куба Либре ова лето е извонредниот латино бенд Кубалканика.

Забавата почнува во 22 часот.

На 18 август, сабота, на прекрасната тераса на хотелот „Филип“ ќе се одржи третото издание на супер квалитетниот музички настан „Wine and Jazz“ со Владимир Четкар.

Настапот на Четкар започнува во 20 часот.

За забавните и културните настани во градот редовно информирајте се во рубриката „Што, Кога, Каде“ на нашиот портал.

OhridNews