Jazz Inn
Од 05.04.2026 - 22:00 до 06.04.2026 - 01:00
Култниот охридски џез клуб Jazz Inn кој веќе 36 години работи како место во кое ја развива џез културата во и надвор од границите на Македонија, ја најавува новата концертна сезона и тоа со еден од најинтересните џез состави на македонската сцена.

По деби албумот во 2020 година насловен како и самиот бенд, и вториот: “Ruh” од 2024 кој стана инстант хит, публиката ќе биде привилегирана на го слушне новиот материјал на бендот отсвирен во живо, пред истиот да биде официјално издаден.
Картите по цена од 400 денари можат да се резервираат на телефонскиот број 078201491.
OhridNews












