Конкурсите за финансирање проекти од културата нема да се објават во мај
21.04.14 08:00
Годишните конкурси за финансирање проекти од национален интерес во културата за 2015 година, наместо во мај, Министерството за култура на Република Македонија годинава ќе ги објави во септември. Ова е во согласност со измените и дополнувањата на Законот за култура, кои се објавени во „Службен весник“ бр. 44/14.
Конкурсите, како и во текот на изминатите години, ќе бидат објавени во јавните гласила, како и на веб-страницата на Министерството за култура и ќе траат најмалку 30 дена од денот на објавувањето.
Во конкурсите ќе бидат содржани условите за учество, како и критериумите и мерилата по одделни дејности според кои стручните комисии ќе вршат евалуација на пристигнатите проекти.
Македонскиот визуелен уметник Сашо Блажес е избран за финалната изложба на 53 Premio Suzzara во Италија со делото „Scorched Reflection (Synthetic Geology)“, создадено во 2026 година Изложбата ќе би...
Од 21 до 23 август ќе се одржи 38 издание на меѓународната културна манифестација „Поетска ноќ во Велестово“, која и годинава ќе обедини поети и автори од Македонија и повеќе европски земји Настани...
Со гала концерт насловен „Love“, вечерва во 21 часот на Античкиот театар свечено ќе биде отворено 66 издание на фестивалот „Охридско лето“, најзначајната и најреномирана меѓународна културна манифе...
Оваа веб-локација користи колачиња за да можеме да ви го обезбедиме најдоброто можно корисничко искуство. Информациите за колачињата се зачувуваат во вашиот прелистувач и извршуваат функции како што се ве препознаваат кога ќе се вратите на нашата веб-локација и му помагаат на нашиот тим да разбере кои делови од веб-локацијата ви се најинтересни и корисни.
Строго неопходни колачиња
Строго неопходното колаче треба да биде овозможено во секое време за да можеме да ги зачуваме вашите параметри за поставките за колачиња.
Ако го оневозможите ова колаче, нема да можеме да ги зачуваме вашите параметри. Ова значи дека секогаш кога ќе ја посетите оваа веб-локација ќе треба повторно да ги овозможите или оневозможите колачињата.