Во организација на “Gabba gabba“ Охрид денеска , на летната тераса Долни Сарај, концерт ќе одржи германско – американскиот бенд “Harmful”.

За големината на овој бенд (кој патем постои од 1992 год, и зад себе има седум издадени албуми) зборува фактот дека еден од членовите (читај гитарист) е Billy Gould  – основачот на светски познатиот и водечки бенд на r’n’r сцената од последните години на минатиот век “Faith no more”. 

Доколку, временските услови  не дозволат одржување на концертот на отворено, истиот ке биде одржан во центарот за култура “Григор Прличев”. 

Opening act: младиот охридски бенд “Fade to black”