Кандидатите за пратеници од Охрид во 5 Изборна единица: Лазе Таневски од СДСМ и Кирил Пецаков од ВМРО-ДПМНЕ, денеска (10.30ч.) ќе ги соочат своите ставови и политички гледишта во онлајн дебатата на „OhridNews“, што се реализира во соработка со „Мега продукција“.

Тие пристигнаа на бродот „Армада“ каде е поставено импровизирано студио на отворено, согласно здравствените протоколи за заштита од коронавирусот Ковид 19. Таков беше и нивниот поздрав пред почетокот на соочувањето во живо.

Директиниот пренос од дебатата која ќе се фокусира на актуелни теми од повеќе области значајни за животот на граѓаните на Охрид. може да се следи на линкот подолу, како и на facebook.com/ohridnews.mk и директно на YouTube .