Во духот на големиот православен празник Свети Илија и македонскиот национален празник Илинден, утре (2 август) во селото Косел, кај Охрид, традиционално ќе се одржи големиот народен собир кај црквата „Св. Илија“.
Подготовките за настанот се при самиот крај, а организаторите најавуваат уште едно незаборавно празнично дружење кое секоја година собира голем број верници, жители и гости од Охрид и поширокиот регион.
По одбележувањето на празникот, ќе следува културно-забавна програма, која ќе започне во 20:30 часот, а за добрата атмосфера ќе се погрижат Мирослав Мирчески и „Грациозо бенд“, со репертоар од македонски народни песни и евергрини.
Во текот на вечерта посетителите ќе можат да уживаат и во вистинска празнична атмосфера, со пригодна понуда на храна и освежителни пијалаци.
Организаторите упатуваат покана до сите граѓани заеднички да го одбележат Илинден, празникот што ги симболизира слободата, државноста и македонската традиција, во прекрасниот амбиент на црквата „Св. Илија“ во Косел.
OhridNews













