ВМРО НП ќе биде дел од новата Владата на РМ,  а најдобрите резултатите на претстојните избори партијата ќе ги оствари во 5-та Изборна единица.-изјави Ванчо Костоски, претседател на ОК ВМРО НП -Охрид и кандидат за пратеник.

На денешната прес конференција Костоски изрази задоволство од досегашниот тек на кампањата на ВМРО НП и приемот кој таа го има кај граѓаните, посочувајќи дека тоа внесло немир кај владејачката ВМРО ДПМНЕ, која на терен започнала да води антикампања.

– Откако увидоа на терен дека повеќе луѓе на собирите има ВМРО НП се засилија притисоците и во Источна и во Западна Макдонија. Има закани за губење работни места, непристојни предлози, притисоци јавно да се излезе на прес конференција и да се објави преминување од ВМРО НП во ВМРО ДПМНЕ. Главни предводници на овие притисоци се Илија Китаноски, Антонио Милошоски, Зоран Коњаноски и други. Одат кај видни членови на ВМРО НП и вршат притисоци, но нема да успеат, можеби ќе скршат двајца тројца послаби, но не повеќе, затоа време е да се прекине со притисокот.-изјави Костоски.

Во врска со најавите дека ВМРО НП ќе коалицира со СДСМ, Костоски истакна дека се прави фама од ништо и дека  за тоа прашање ќе се разговара со сите партии на рамноправна основа по завршување на изборите.

– Ако некој има договор со СДСМ, тоа е ВМРО ДПМНЕ и тоа најтесното раководство кое знае дека ќе загуби на следните избори и преговара кои луѓе да бидат заштитени.Тешко на таа партија која се фали дека има Манифест на 300 страни и силни проекти, а сега кога гледа дека ги губи изборите посегнува по антикампања дека наводно ќе сме коалицирале со СДСМ. Апсолутно нема таква работа ниту нешто такво сме најавиле, туку јасно посочуваме дека по изборите ќе коалицираме со таа партија која ќе ги прифати нашите услови, а тоа се враќање на демократијата, драстично намаллување на казнената политика, брз влез во НАТО и ЕУ и либерализација на законите за поголем економски развој. -истакна Костоски.


На денешната прес конференција ВМРО НП го најави централниот митинг во Охрид кој ќе се одржи на 29 мај на градскиот плоштад во 21 часот.

OhridNews