Поради постоење основи на сомнение за сторено казнено дело „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурсори“, полициската станица од Струга, до надлежното Јавно обвинителство поднесе кривична пријава против 19-годишно лице од Тирана-Република Албанија.

На 19.03.2019 година, при извршена контрола и преглед на автобус кај граничниот премин „Ќафасан“, завиткана помеѓу алишта во негов ранец оставен на задните седишта од автобусот, пронајдена е кеса со наркотичка дрога марихуана.

OhridNews