СВР Охрид поднесе кривична пријава против 20-годишно лице од Виница поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „предизвикување општа опасност”.

Според информациите на МВР, пријавениот, кој се наоѓа во Казнено-поправната установа во Охрид, на издржување затворска казна, на  05.08.2018  година во 21.45 часот во КПУ – Затвор Охрид,  од неизгасната цигара предизикал пожар во собата во која бил сместен.

OhridNews