
Пријавениот, како директор на претпријатието на седница на управниот одбор во 2009 година предложил, поради превработеност и тешка материјална состојба, 23 вработени во РЕ Водовод Охрид, да бидат прогласени како технолошки вишок.
Пријавениот ги довел во заблуда членовите на управниот одбор предлагајќи да донесат одлука на овие вработени противзаконито да им се даде надомест од 60 идни плати на товар на јавното претпријатие и исплата на еднократен надоместок од по 8.000 денари по работник. По донесувањето на одлуката од страна на управниот одбор, пријавениот потпишал поединечни договори со 23-та работници за исплата на 60 плати, при што со ваквите дејствија претпријатието е оштетено за 6.365.671 денари.
OhridNews











