Кривична пријава за Јово Вангеловски и девет други судии
10.08.17 15:41
Здружението „Зелена лупа“ поднесе кривични пријави против десет судии, меѓу кои и за претседателот на Врховен суд – Јово Вангеловски, jaвува „Макфакс“. Сите пријави се однесуваат на случајот на СЈО, во кои обвинетите Горан Грујовски и Никола Бошковски сега се во бегство. Кривичните пријави се поднесени против судиите Ленка Давитковска, Татјана Михајлова и Дијана Груевска од Основниот суд Скопје 1, Лилјана Шопова, Сафет Кадриу и Цветанка Периќ од Апелацискиот суд Скопје, како и против судиите Јово Вангеловски, Фаик Арслани, Ристо Катавеноски и Џемаил Саити од Врховниот суд. Сите пријави се за злоупотреба на службената положба, со намера други да прибават корист.
– Основниот суд кој без проблем секојдневно штанца притвори со некакви клише-образложенија одеднаш почнува да го крши законот и во овој случај на СЈО не одредува притвор. Апелацискиот суд, пак, ја преиначува одлуката и иако определи притвор, незаконски им дозволи на обвинетите право на жалба до Врховен суд и тоа жалба со одложено дејство. Тоа не е никаде предвидено во Кривичниот законик. Но иронијата не застанува тука, Врховниот суд постапува, додека обвинетите се на слобода. Тој што ја има способноста, ја има и одговорноста. Ова мора да запре, затоа поднесовме кривични пријави – изјави адвокатот Благој Јовановски од „Зелена лупа.“
Од здружението одговорност од судиите ќе бараат и преку Советот за утврдување факти.
Седми ден студенскиот дом „Никола Карев“ во Охрид е без електрична енергија поради неплатени сметки и долгови На ваквата состојба реагира и директорот на установата Жарко Куциноски кој вели студент...
Со средства обезбедени од Фондот за здравствено осигурување на Македонија (ФЗОМ) успешно е реализирана изградбата на централен цевковод за медицински кислород за интернистичкиот блок во ЈЗУ Општа б...
Согласно измените во Календарот за 2026 год за подигнување отпад од пластика и хартија од кантите за селекција, ЈП „Охридски Kомуналец” ги потсетува своите корисници на услуги од улиците „Железничк...
Оваа веб-локација користи колачиња за да можеме да ви го обезбедиме најдоброто можно корисничко искуство. Информациите за колачињата се зачувуваат во вашиот прелистувач и извршуваат функции како што се ве препознаваат кога ќе се вратите на нашата веб-локација и му помагаат на нашиот тим да разбере кои делови од веб-локацијата ви се најинтересни и корисни.
Строго неопходни колачиња
Строго неопходното колаче треба да биде овозможено во секое време за да можеме да ги зачуваме вашите параметри за поставките за колачиња.
Ако го оневозможите ова колаче, нема да можеме да ги зачуваме вашите параметри. Ова значи дека секогаш кога ќе ја посетите оваа веб-локација ќе треба повторно да ги овозможите или оневозможите колачињата.