Криминалистичката полиција при СВР Охрид поднесе кривични пријави против пет лица, еден албански и четворица македонски државјани, во врска со неколку организирани акции од почетокот на годината до денес, при што се пронајдени и одзмемени вкупно 164 килограми опојна дрога марихуана.

– Според наводите во поднесените пријави, пријавените лица  извршиле транспорт на поголема количина на опојна дрога мариухана по воден пат, односно транспорт преку водите на Охридско Езеро. Нивните намери биле натамошна препродажба на опојната дрога на подрачјето и пошироко во Република Македонија, информира портпаролот на СВР Охрид, Стефан Димоски.

Димоски додава дека посочените акции за сузбивање на наркокриминалитетот биле изведени крајно професионално и во беспрекорна координација на криминалистичката полиција и другите организационите единици на СВР Охрид со Министерството за внатрешни работи на Република Македонија.

OhridNews