Полициската станица во Струга поднесе кривични пријави против двајца стружани за сторено кривично дело “узурпација на недвижности”.

Имено, при контрола на надлежните служби во јули годинава, било утврдено дека едното пријавено лице без да поседува документација, пред неговиот угостителски објект, лоциран на улицата” Кеј Борис Кидрич”, со дрвена контрукција го заградил тротоарот каде поставил маси и столови.

Другиот стружанец, против кој е поднесена кривична пријава за “узурпација на недвижности”, покрај својот угостителски објект лоциран на истата улица, поставил бетонска подлога на која ставил маси и столови.

OhridNews