СВР Охрид поднесе кривична пријав  против граѓанин на Охрид, за сторени три кривични дела “употреба на исправа со невистинита содржина”, против вработен во  Основен суд Охрид за едно,  референт, за две кривични дела “фалсификување службена исправа”, и против двајца волонтери во судот за едно, односно две дела “фалсификување на исправа”.

Во текот на 2005 и 2006 година, со цел на првопријавениот да му овозможат да набави оружје, четврто и петопријавената изготвиле фалсификувани уверенија дека против него не е подигнат обинителен акт од страна на Основниот суд, иако против него, во наведениот период се водела кривична постапка за кривично дело “насилство”. По ова второ и третопријавената извршиле заверка на уверенијата.

Извор Билтен на МВР