Поради постоење основи на сомнение за сторено казнено дело, тешка телесна повреда”, СВР Охрид поднесе кривична пријава против две лица од Скопје, на возраст од 22 години.
– Пријавените, казненото дело го сториле на 29-ти минатиот месец по жестока вербална караница во кафе бар во Охрид, со две лица од Скопје. По караницата, пријавените го напуштиле кафе барот и надвор го сочекале едно од лицата по што продолжиле со вербалната расправија. Набрзо, тие и физички го нападнале удирајќи го со тупаници во пределот на главата. Силниот физички напад, го спречиле другарите од оштетениот како и случајни минувачи. Тој, веднаш потоа бил префрлен во Општата болница во Охрид каде биле констатирани тешки телесни повреди односно фрактура на носна коска, информира портпаролот на СВР Охрид, Стефан Димоски.
Повредениот бил задржан во Општата болница каде му била пружена неопходната медицинска помош.












