СВР Охрид поднесе кривична пријава против две лица од Скопје поради постоење основано сомнение дека сториле кривично дело „неовластено производство, пуштање во промет наркотични дроги, психотропни супстаници и прекурсори“.

При извршен претрес од полициски службеници врз патничко моторно возило на паркинг од плажа на охридското крајбрежеје, во кое биле затекнати скопјаните,  пронајдени биле 10 таблети МДМА,  паковки со 3,61 грам марихуана и еден џоинт во пепелник. Пријавените претходно од непознато лице ја купиле марихуаната и таблетите за лично уживање.

СВР Охрид поднесе кривична пријава и против 34- годишен охриѓанец поради постоење основано сомнение дека сторил кривично дело „неовластено производство, пуштање во промет наркотични дроги, психотропни супстаници и прекурсори“. Пријавениот од страна на полициски службеници бил затекнат на паркинг просторот кај хотел во Охрид и извршен му е преглед при што кај него е пронајдена најлонска кеса со 13,65 грама марихуана која истиот ден ја набавил од непознато лице од Охрид со намера да ја користи за себе или да ја препродава на други уживатели.

OhridNews