
На 21-ви овој месец, при извршен преглед, кај пријавениот жител на албанскиот град Либражд, пронајдени се две паковки со опојна дрога марихуана. Дрогата е пронајдени во џеб од неговата јакна завиткана во најлонска фолија, а била наменета за понатамошна продажба.
Албанскиот државјанин, марихуаната ја добил од пријавеното лице од струшко околу 21 часот при нивна средба во селото Велешта. Потоа двајцата, со патничко возило џип марка „Хјундаи“, се упатиле на простор помеѓу зградите на улицата „Партизанска“ во Струга каде се забележани од страна на полициските службеници.
Пријавеното лице од Велешта и е познат на службата против кого по повеќе основи и досега биле поднесувани кривични пријави.
OhridNews











