Во рамките на годишната програма за крводарителски акции, Црвен крст Охрид во среда, 4-ти ноември, организира крводарителска акција во соработка со вработените од СВР Охрид.

Уште еднаш да ја покажеме нашата хуманост и солидарност! Со само неколку минути од нашето време можеме да спасиме нечиј живот. Дарувај крв – спаси живот!, порачуваат од Црвен крст Охрид.

Акцијата ќе се одвива во периодот од  09:00 – 12:00 часот во СВР Охрид.

OhridNews