Во рамките на годишната програма за крводарителски акции, Црвен крст Охрид денес организира крводарителска акција во соработка со вработените од СВР Охрид.
Уште еднаш да ја покажеме нашата хуманост и солидарност! Со само неколку минути од нашето време можеме да спасиме нечиј живот. Дарувај крв – спаси живот!, порачуваат од Црвен крст Охрид.
Акцијата се одвива во периодот од 09:00 – 12:00 часот во СВР Охрид.
OhridNews












