Во рамки на одбележување на Неделата на Црвениот крст под мотото „НАСЕКАДЕ ЗА СЕКОГО“, Црвен крст Охрид денес, (вторник) од  10-14 часот на Факултетот за туризам и угостителство организира студентска крводарителска акција.  

Се покануваат студентите од двата факултети во Охрид, но и секој кој сака да ја искаже својата хуманост дарувајќи ја драгоцената течност, да бидат активни учесници на оваа крводарителска акција. Особено се охрабруваат и се упатува апел до оние кои имаат крвна група АБ негатив, да даруваат крв на оваа акција, која ќе се употреби за операција на наш сограѓанин.

OhridNews