Машко бебе е родено во тајност од четиринаесет годишна девојка во мало гратче во близина на аргентинската престолнина Буенос Аирес. Таа во паника го оставила малото бебе на ливада полна со дрвени кутии и ѓубре, но тогаш се појавила Ла Чајна, кучка која некако го кренала бебето и го одвлечкала во своето жевеалиште оддалечено 50 м каде што лежеле нејзините младенчиња.


Сопственикот на кучето го слушнал плачот на бебето, го затекнал прекриено со крпа и повикал полиција. Исплашената мајка се појавила набрзо откако дознала дека е пронајдено нејзиното бебе.

Аргентинските медиуми пишуваат дека Ла Чајна е вознемирена поради својата новонастаната слава и дека не јаде бидејќи мисли дека нешто ќе им се случи на кучињата.