38-годишна жена од скопската населба Илинден пријавила во полиција дека во текот на вчерашниот ден околу 7.30 часот додека се движела по улица во населбата била нападната од страна на четири кучиња скитници, при што едно од кучињата ја каснало во предел на грбот. Откако паднала на асфалтот другите кучиња  ја влечеле за облеката, по што минувачи дошле на помош и ги избркале кучињата.

Оштетената побарала лекарска помош во Ургентен Центар- Инфективна клиника каде и е констатирана телесна повреда и е пуштена на домашно лекување.

OhridNews