Куд Фолклористи 2015 од Лескоец, со својот втор годишен концерт ќе ја заокружу успешната работа од формирањето.

Иако постои само две години, ова културно уметничко друштво зазема значајно место на фолклорната сцена по бројот на настапи на повеќе манифестации и фестивали низ земјава и во странство, како и со својот квалитет и по бројот на членови, велат од КУД „Фолклористи“.

На годишниот концерт ќе настапат сите групи на друштвото со свој репертоар од кореографски постановки како и гости од Куд Извор од Јегуновце, тетовско.

Концертот ќе се одржи во Домот на културата во Лескоец на 23.12.2017г., сабота, од 18 часот.

Влез 80 денари.

 

OhridNews