Во познатата крајезерска туристичка населба Пештани од 12 до 20 август ќе се одржи манифестацијата „Културно лето – Пештани 2022“.

Во рамки на манифестацијата предвидено е сликање на зајдисонце во периодот од 12 до 14 август со почеток во 17 часот и 30 минути, додека пак на 15 август ќе биде свечено отворена изложбата на уметнички дела од Валентина Толеска,  Марија Мешкоска и Томе Танески, која ќе биде поставена до 20 август.

 

Изложбата ќе ја отвори проф. Весна Бакулеска, а настаните ќе се одвиваат на платото од ресторанот „Кај Местоно“ во центарот на Пештани.

Манифестацијата е поддржана од Општина Охрид.

OhridNews