Кутлачата на појас и ајт на литија - OhridNews
Отворена

Кутлачата на појас и ајт на литија

Тууу каква организација во Струга за литија. Ц ц ц ц……Вервиме да не видев попој кај шо прает селфи јас ќе мислев дека е некоја Олимпијада. Па па па. Све беше во духот на мерките на кои требит да се придржаваме препорачани од Владата на НСРСМ. Све. Тотално. И ме бендиса шо ова шо го мислам го потврди и МПЦ.

Да да. МПЦ – ОА рече дека цело време ги повикува верниците да се придржуваат према пропишаните мерки за заштит од вирусот. Абе да ми кажвеше некој немат да вервев. Ама јас гледав. Со свои очи видов дека све сторија припадниците на МПЦ да го избркет народот. Јасно се слуше на снимката кај шо им викет: Иш, иш бе од оваа литија иш бре. Ко не помогна то јасно ко бел ден се гледаше дека ги мавет со крстојте в теме, со клоци ги бркет и истовремено на појачало кај шо повторвет дека секогаш ги повиквет да ги почитувет мерките.

Дури убо се виде на снимките кај шо двајца свештеници беа качени на една чатија и мавет со ќерамиди на неколку верници по темиња, фрлет ко лепитки, а овие назада се враќет ко јојо. Е ко веќе не мојше да се доорганизират до крај олимппијадава на сцена настапи Чулев го јавна коњот и сам јаваше пред својата колона и со камшици, ги вртеше како нунчаки и ја среди работата. Значи секој си ја сврши работата како шо се препораките за заштита од сестра Коронка.

Мада мислам дека ова литија е каде каде поголем верски настан од Велигден. За то Велигден немаше потреба да се излегвит, си седевме дома и како мајмуни од зад решетки гледавме шо се случвит во Црковните Храмој санќим гледавме утакмица од редовно коло во Белоруската прва лига.

Само не ми беше јасно з`ш техничкиот премиер Оли побара оставка од Чулев? Јаваше чоекот. И уште ќе јават…..не на магла, туку коња своја арапа и решаваше онака како шо требит. По препораките на СЗО. Ете му појасна и премиерот на држвава Буки Османи….како? ….не е премиер? … е како не е бре. Не е ДУИ владеачка партија на НСРСМ? Е ако не е премиер Бујар Фризури з`ш во државава нему појќе му се јајт зборот? Можда пак ќе станит, можда му кобам незнам. Ај ќе видиме и то не за долго.

А и народот се придржваше на све. Носеа луѓето чадори. Тргни чадорот, кивни нагоре, врати чаторот. Ајт короно кој те јебат падни на чадорот. Да да то е нова мерка воведена во Струга. Чадор версус корона. И незнам колку забележа ти. Секој на појас си имаше своја кутлача. Абе види. Никој не ни екрив ние македонците шо бевме на крај на редот ко делеше Господ ум. Па мораше да кратит за да имат за сите. Бар здравје да ни дајт. Додуша и ни дават. Ама ние не го сакаме.

И ова морам јасно да кажам. Целиот настан немаше ни брбушка од овца со политичка заднина како шо сега се траскат марули. Не ми е јасно з`ш некој зинат зборвит дека како народ во ова држава сме на секаков начин поделен, дека брат брата колит и се карат.

Сме биле, џо, поделени политички, партиски, другарски, малски па еве сега ќе сме се поделеле и верски до крај. Не вервам. А не вервам з`ш очеквам ИВЗ уште поуба и посредена организација да напрајт шо би се рекло да победит во ова Олипијада.

И не гледам овде политичка заднина морам да лажам…..упс….да сум искрен. Нити политички ботој се разбудени, нити политички постој се матинет по социлајни мрежи. Нити не фати амнезија шо кој праел во минатото, кој носел вазелин, кој не терал сам да си купвиме….море батали политика.

Туку не се секирајте немат да се поделиме скроз. Тврдам. Колку и да не напвед не может да не поделет дома, во фамилииве. Еве да си тргнам од фамилијава моја. Каква поделба каков бутур. Бар не оваква каква шо сакет да неја напрет дома.

Еве кај нас сме 4 луѓе. Секој си имат своја соба со свој катинар. Ајде го напрајвме то за мир да имет политичариве. И то секој катинар е од различна фирма. Недај боже дан фатит клучот од катинарот од син ми да ми влезит соба. И да и да влезит имам клаено гиљотина од одозгора да го акосат.

Секој си имат свој телевизор со свој ресивер. Напрајв 4 кенефи. Абре шојмат некој да ми се испрдвит во мојот кенеф. Не така? Ам како. И да не должам. Нека пукнет ама јас самиот не се поделвам. Никако. Купив и шлајферица. И уште не се имам поделено. Не за друго. Незнам дал да се земам попречно или вуспич прав прав пругоре. За секоја полојна да имат по еден орган. То ме мачит. А да го брашам брат ми неможам. Неаме муабет од плураизмот наваму.

ЏИМИ

*Ставовите објавени во рубриката Писма-Колумни се гледиште на авторите и редакцијата на OhridNews не сноси одоговорност за содржината на истите

© Ohridnews.com. All rights reserved.
The content of this article, should not be printed, copied or published in any way, without permission by  Ohridnews.com