
Кузман информира дека проектот за изградбата на Светиклиментовиот универзитет бил избран од пет понудени идејни решенија, како најсоодветен, заради тоа што во него биле сублимирани архитектонските вредности од климентовото време, од охридската староградска архитектура и од сакралната архитектура од регионот. При тоа тој додаде дека проектот го изработила охридско- скопска фирма во консултации со Завод и музеј- Охрид.

– Проектот е студиозно избран во консултација со експерти. Јас сум презадоволен што се е сработено согласно проектната програма, рече Кузман. Подготовките се во тек и се очекува карабинската изведба на целиот комплектс со 14-те предвидени објекти да заврши до 2014 година, рече Кузман.
Кандидатот за пратеник Александар Николоски изјави дека проектот за ПЛаошник е еден од најуспешните досега реализирани. – Се надевам дека во иднина ќе имаме можност да гледаме се повеќе успешно реализирани проекти како овој центар кој има духовна вредност, образовна, и вредност за идните генерции кои тука ќе доаѓаат и гледаат што се случувало во минатото, рече Николоски.










