Зајакнувањето на присуството на НАТО и Европската Унија на Балканот води кон длабока дестабилизација на Европа, изјави министерот за надворешни работи на Русија, Сергеј Лавров, истакнувајќи дека Москва е загрижена поради тоа.

„Ситуацијата на Балканот создава загриженост. Гледаме дека НАТО и Европската Унија ги засилуваат напорите да го зголемат присуството во регионот. Земјите се ставени пред лажен избор: Дали сакаат да бидат покрај Москва или Вашингтон и Брисел“, вели Лавров за грчкиот весник „Ефимерида тон Синтактон“.

Според неговите зборови, таквите активности ја продлабочуваат дестабилизацијата на европските безбедносни структури, воејќи кон зголемување на тензиите и нови поделби“, пренесе „Танјуг“.