Под мотото: „Првата битка ја добивме“, но борбата не е завршена“, пратеничката во сега распуштеното Собрание Жаклина Лазаревска и актуелниот претседател на СДСМ Охрид Лазе Таневски, инаку и двајцата кандидати за пратеници на СДСМ од Охрид, денеска, во соработка со Клубот на СДММ Охрид спроведоа акцијата за поголема информираност на граѓаните околу Ковид -19.

На две локации: Кеј Македонија и од старата чаршија до пазарот, Лазаревска и Таневски на граѓаните им делеа флаери со најважните информации порзани со корнавирусот, а поделија и 1000 маски за еднократна употреба.

Од нас зависи, сите да помогнеме во борбата со корона вирусот. – им порачаа Лазаревска и Таневски на граѓаните со кои се сретнаа денеска.

Лазаревска и Таневски делеа флаери и маски за заштита од Ковид 19

OhridNews