Промената на салата, повредата на Фрај, но и расположените гости не доволија Амак Сп да се размавне и да стигне до лесна победа.
– Тешко се снајдовме во новата сала, нови кошеви но она што требаше го направивме, оствaрувајќи победа. Jас сум задоволен од резултатот не сакам да ги критикувам играчите затоа штои дадоа максимум, со послабите играш послабо со појаките играш појако– вели Лазовски кој не се одлучи да му даде шанса на Фрај кој се пожалил на болки во стапалото по што стратегот го остави на страна.
Пред “езерџиите“ се два лесни меча против Соколи и Поп Спорт, за да во последното коло имаат вистински тест против Пелистер во Битола.
– Мојата цел е по еден пад во формата да ја кренам за натправарот со Пелистер. Не чекаат уште два вакви слични натпревари со Соколи и Поп спорт кои треба да ги добиеме. Мошне битно е да го добиеме и последниот натпревар од сезоната во Битола против Пелистер. Со победа го задржуваме второто место.
Наредниот натпревар Амак Сп го игра против тимот на Соколи.
Фудбалската федерација на Македонија и аптеките „Виа Фарм“ потпишаа договор за соработка и спонзорство, со кој ќе биде обезбедена дополнителна поддршка во медицинската грижа за македонските фудбалс...
Денеска во Охрид започнува петтото издание на Меѓународниот ракометен турнир „Крсте Андоновски“, кој според квалитетот на учесниците е најсилен досега Осум екипи од регионот и Египет во наредните п...
Со три натпревари синоќа продолжија возбудувањата на 28 издание на турнирот во мал фудбал „Богородица куп 2026“ во Волино Др Баткоски го совлада Охридски бисер Филеви со 3:1, додека Инекс Олгица пр...
Оваа веб-локација користи колачиња за да можеме да ви го обезбедиме најдоброто можно корисничко искуство. Информациите за колачињата се зачувуваат во вашиот прелистувач и извршуваат функции како што се ве препознаваат кога ќе се вратите на нашата веб-локација и му помагаат на нашиот тим да разбере кои делови од веб-локацијата ви се најинтересни и корисни.
Строго неопходни колачиња
Строго неопходното колаче треба да биде овозможено во секое време за да можеме да ги зачуваме вашите параметри за поставките за колачиња.
Ако го оневозможите ова колаче, нема да можеме да ги зачуваме вашите параметри. Ова значи дека секогаш кога ќе ја посетите оваа веб-локација ќе треба повторно да ги овозможите или оневозможите колачињата.