Процесот на реформите во здравството трае премногу долго, е хаотичен и без видлив континуитет кој негативно се рефлектира и врз пациентите и врз здравствените работници, рече на денешната прес конференција кандидатот за пратеник на Либерално демократската партиија во 5-та изборна единица д- р -Десанка Матова.


– Перманентната политизација на здравството доведе до губење на квалитетот на здравствените услуги , одлив на здравствените работници надвор од земјата, како и уништување на јваното здравство каде работаат голем број луге кои и по десет години се без регулиран работен однос и со минимален паричен надоместок. При тоа со нив се манипулира за дневно политички цели. Предуслов за вработување, и унапредување, доедукација е партиска припадност што е непродуктивно и ќе доведе до масовно губење на квалитетни кадри, рече Матова.

Таа додаде дека во услови на тешка економска состојба јавното здравство е тоа кое треба да е пофлексибилно, поотвоорено, и поспремно да му помогне на секој пациент.

– Се надевам дека во периодот кој следува ќе се најде сила и храброст да се спротиставиме и да престанеме да бидеме неми наблудувачи на она што се случува околиу нас. ЛДП ќе се залага за деполитизација и намалување на политичкото влијание во здравството. Здравото население ги намалува трошоците во здравството, но и во другите сектори на општественото живеење, потенцира д- р Матова.

OhridNews