Како што информира на денешната прес конференција, претседателот на Либерално- демократската партија во Охрид, Боро Павлоски, во текот на последните два дена забележано е оштетување на поставените рекламни изборни плакати на оваа партија.


– Потпишавме кодекс за фер однесување, но сепак забележуваме одредени оштетувања на нашите плакати. Упатувам апел до шефовите на изборните штабови да се состанеме со цел да направиме анализа на текот на предизборната кампања во изминатите десет дена, за ваквите инциденти да не се повторуваат, рече Павлоски.

Инаку, утре со почеток во 20 часот на плоштад кај Стариот чинар ЛДП ќе одржи трибина на која ќе биде изнесена изборната програма. На неа ќе присуствуваат претседателот на ЛДП, Јован Манасиевски, носителот на листата на кандидати за пратеници за 5- та изборна единица, Андреј Жерновски како и тројцата кандидати за пратеници од Охрид.

Како што потенцира Павлоски, идејата е на еден поразличен начин од останатите партии ЛДП да ја изложи својата програма пред граѓаните кои во поставен шатор, наречен Куќа на идеи преку директна комуникација со претставниците од партијата ќе имаат можност да се запознаат со нивните заложби и програма.

OhridNews