Фудбалерите на Виљареал, Манчестер Јунајтед и Рома остварија позитивни резултати на гостински терен, победувајќи во првите мечеви од 1/4 финалето во Лигата на Европа. „Жолтата подморница“ славеше во Загреб кај Динамо со 1-0, „црвените ѓаволи“ со 2-0 победија на гостувањето кај Гранада додека „волчицата“ со 2-1 го совлада Ајакс на „Јохан Кројф“ арената.

Шпанскиот состав погодок за победа на пресметката со македонските репрезентативци Стефан Ристовски и Аријан Адеми го постигнаа пред крајот на првиот дел. Џерард Морено од пенал стрелаше прецизно во мрежата на „модрите“.

Манчестер Јунајтед, пак, извлече најповолен резултат, победувајќи ја Гранада со 2-0. Во првиот дел погоди Маркус Рашфорд, а победата ја запечати Бруно Фернандес, кој реализираше од белата точка.

„Волчицата“ со голот на Ибањез во 87-та минута обезбеди минимален триумф 1-2 на гостувањето во Холандија. Претходно, Класен погоди за домаќините, а Тадиќ не беше успешен од најстрога казна. Казната стигна преку Пелегрини, кој изедначи на 1-1 и Ибањез кој ја осигура победата за италијанскиот клуб.

Реваншите се играат следниот четврток.

  • Резултати:

Динамо Загреб – Виљареал 0-1

Гранада – Манчестер Јунајтед 0-2

Арсенал – Славија Прага 1-1

Ајакс – Рома 1-2

OhridNews