Лекар од Клиниката за токсикологија, вчера вечер околу 19.30 часот е прободен со нож на влезот од Клиничкиот центар „Мајка Тереза“, кога требало да дојде на дежурство. Непознато лице му нанело две убодни рани на 48-одишниот лекар од Слупчане, Кумановско. Повредениот е хоспитализиран на Клиниката за дигестивна хирургија и не е во животна опасност.

Според директорот на Клиниката за токсикологија, Нико Беќаровски, лекарот е надвор животна опасност.

„Од непознато лице колегата е прободен на влезот во Клинички. Тој требаше да биде дежурен ноќта и смената му почнуваше од 20 часот. Според информациите што ги имаме тој е надвор од животна опасност“, вели Беќароски во изјава за медиумите.

 Се очекуваат повеќе детали за нападот од страна на полицијата. Неофицијално, станува збор за лична пресметка поради нерасчистени односи.

OhridNews
Макфакс