Летен саем на книгата во НУ Библиотека „Григор Прличев“ во Охрид во периодот oд 11 до 22 јули секој работен ден од понеделник до петок од 9 наутро до 12 напладне.

Книги од едицијата 130 тома Македонска книжевност за само 157 денари по примерок. Збогатете ја Вашата библиотека, купете книга за подарок – читајте на плажа! Посочете им ја на странците македонската книжевност во 130 тома преведена на англиски по 473 денари од примерок. Ќе ви понудиме и книги од едицијата Ѕвездите на светската книжевност по пристапни цени, велат од Библиотеката.

Воедно посочуваат дека летниот саем ќе биде на една од терасите на Библиотеката на отворено.

OhridNews