За време на викендот ќе преовладува стабилно и многу топло време. На повеќе места денеска дневната температура ќе надмине 30 степени, а ќе дува и засилен западен ветер.
Во недела попладне услови за краткотраен дожд ќе има само во планинските подрачја. Во почетокот на наредната работна седмица се очекува зголемување на облачноста, а времето ќе биде променливо облачно со повремени врнежи од дожд. Најврнежливо се очекува да биде во вторник кога на повеќе места ќе има пороен дожд и грмежи. Ќе дува умерен, а во среда и засилен северен ветер што ќе предизвика опаѓање на дневната температура, информираат од УХМР Македонија.
OhridNews












