На 27-ми октомври во 20 часот во галеријата „Прима центар“ во Берлин, Германија, ќе биде отворена изложбата „Страст за носталгија“ на охридскиот ликовен уметник Сашо Блажес.

На ова прво претставување на авторот пред берлинската публика ќе бидат изложени дела од неодамнешната изложба во галерија Робевци како и дел од најновото творештво заокружени со истиот наслов „Страст за носталгија“.

Куратор на изложбата е Маја Чанкуловска- Михајловска.

Сашо Блажес е роден во Охрид во 1980 година. До сега учествувал на 6 самостојни и на голем број групни изложби во земјава и светот.

OhridNews