На 07.11.2026 година, полициски службеници од СВР Охрид лишија од слобода 49-годишно лице од Охрид.

При претрес во неговиот дом, извршен со судска наредба, биле пронајдени и одземени три опаковки со бела прашкаста материја и пари, информираат од МВР.

По целосно документирање на настанот, посочуваат, против него ќе биде поднесена соодветна пријава.

OhridNews