На 26.03.2026 во 13:30 часот на патот Струга – с.Калишта, полициски службеници од ОВР Струга лишија од слобода 52-годишно лице од с.Калишта.

Тој бил затекнат при обид на патот пред негова парцела да запали сува трева и грмушки. При преземање мерки, полициските службеници констатирале дека лицето е под дејство на алкохол, односно му биле измерени 1,90 промили алкохол во крвта, информираат од МВР.

По целосно документирање на случајот, посочуваат, против него ќе биде поднесена соодветна пријава.

OhridNews