Дебарско-кичевската епархија ги известува своите православни верници дека на 15 мај (понеделник), во метохот на манастирот Св.Наум -„Св.Атанасиј Велики“- Љубаништа, ќе се служи света архиерејска литургија, по повод празникот „Пренос на моштите на Св.Атанасиј Велики“.
Почеток на литургијата е во 8.45 часот, а ќе чиноначалствува Неговото Високопреосвештенство митрополитот Дебарско-кичевски и Администратор Австралиско – сиднејски г. Тимотеј.
Дебарско-кичевската епархија ги повикува сите свои верници на заедничко прославување на овој празник.
OhridNews











