Локалниот огранок на Левица во Охрид денес поднесе иницијатива за референдум до Државната изборна комисија во Струга.

Денес ЛО Левица Охрид поднесе иницијатива за референдум до ДИК во Струга, бидејќи ДИК во Охрид не работи, каде ќе се собираат потписи од граѓани кои ја поддржуваат иницијативата за изјаснување на јавноста во врска со францускиот предлог, информираат во соопштението.

Додаваат дека граѓаните на Охрид може да ја поддржат иницијативата за референдум секој ден од 8:30 до 16:30 часот, во просториите на ДИК во Струга, на ул. „Пролетерски бригади” бр. 62, втори кат, канцеларија бр.14.

OhridNews