Ракометарите на Барселона ја освоија титулата во Лигата на шампионите, откако во финалето на завршниот турнир во Келн го совладаа Фуксе Берлин со 37:34 и по 13. пат се искачија на европскиот трон.
Во преполната „Ланксес Арена“, каталонскиот гигант уште еднаш ја потврди својата доминација во европскиот ракомет. Клучна улога во победата имаше голманот Емил Нилсен со 14 одбрани, додека Луис Фраде беше најефикасен со седум погодоци. Алеикс Гомез и Блаж Јанц додадоа по шест гола за шпанскиот состав.
Берлин, кој во полуфиналето го елиминира актуелниот шампион Магдебург со 40:35, не успеа да стигне до својата прва европска круна и втора година по ред загуби во финалето на најелитното клупско натпреварување. Најдобар стрелец кај германскиот тим беше Матијас Гидсел со осум гола.
Барселона до финалето стигна по драматичен полуфинален триумф над дански Алборг од 37:32 по продолженија, а со денешниот успех ја заокружи сезоната со уште еден престижен трофеј во својата богата колекција.
Во натпреварот за третото место, актуелниот германски шампион Магденур го совлада Алборг со 32:26 и го освои бронзениот медал на завршниот турнир во Келн.
OhridNews













