Мајката на еден од истакнатите членови на ВМРО ДПМНЕ Антонио Милошоски, Светлана, е позитивна на коронавирус. Информацијата ја објави самиот Милошоски на Фејсбук, најавувајќи дека по препорака на лекарите тој оди во самоизолација.

Мојата мајка Светлана Милошоска, која 40 години работи како медицинска сестра во болницата во Кичево, попладнево ме извести дека е позитивна на Ковид-19. Веднаш по известувањето бев исконтактиран од надлежниот епидемиолог од Битола кој според здравствениот протокол ми пропиша мерка самоизолација до 6ти јули, заради кратката средба со мајка ми пред 5 дена во Кичево. Мерката доследно ќе ја почитувам, како што ги почитував и правилата за носење на маска и честа хигиена во изминативе 4 месеци. До 6ти јули ќе имам две задолжителни тестирања од надлежните медицински лица. Инаку се чувствувам добро и засега немам никакви симптоми. – напиша Милошоски.

Милошоски апелираше до граѓаните да ди применуваат заштитните мерки, да бидат внимателни во однос на пандемијата, и да ги почитуваат советите на лекарите. Останатото е на науката и на Бога, додаде Милошоски.

OhridNews