Маестрален концерт на Младински оркестар на Западен Балкан на „Охридско лето“
18.08.26 09:27
Во извонедниот амбиент на Долни Сарај вчеравечер беше реализиран уште еден од низата успешни концерти од музичката програма на „Охридско лето“.
Овојпат, главни актери беа младите музичари од регионот, обединети во Младинскиот оркестар на Западен Балкан. Вкупно 75 врвни инструменталисти-членови на оркестарот, под диригентската палка на маестро Десар Сулејмани, музицираа со фантастична мотивираност, ослободувајќи моќна творечка енергија која допре до публиката. Концертниот репертоар зрачеше со восхитувачка убавина со највисоки естетски критериуми.
Голема е честа за целиот оркестар да се биде овде. Сакав да го донесам на „Охридско лето“ и успеавме во тоа. Имавме спектакуларна програма почнувајќи од Увертирара кон операта „Танхојзен“ од Рихард Вагнер, преку познатата симфониска поема „Помошникот на волшебникот“ од Пол Дука, едно наградено дело од млад композитор од Западен Балкан, до „Романска рапсодија бр. 1 оп. 11 од Жорж Енеску, а концертот го завршивме со композицијата „Римски борови„ од Оторино Респиги, изјави албанско-германскиот диригент и пијанист Десар Сулејмани.
Младинскиот оркестар на Западен Балкан е основан врз база на едноставно, но моќно уверување дека музиката успева да ги зближи луѓето онаму каде честопати зборовите и политичарите не успеваат. Во регион кој сè уште ги лечи раните по распадот на поранешна Југославија, овој оркестар создава уникатен простор за креација на младите музичари од различни земји и култури, помагајќи им да ги надминат разликите и да се сплотат во заедничка уметничка креација.
Инспириран од духот на Европските летни музички академии кои се одржуваат во Приштина од 2012 година, оркестарот официјално е формиран во 2019 година под уметничко раководство на диригентот и пијанист Десар Сулејмани.
Денес Младинскиот оркестар на Западен Балкан е повеќе од само музички ансамбл – тој е мост кој ги охрабрува уметниците од новата генерација да бидат амбасадори на дијалог, разбирање и соработка во регион каде таквите гласови се повеќе од потребни.
Изминатиот викенд во Скопје се одржа петтото коло од Бокс лигата на Македонија, на кое настапија и боксерите од Боксерскиот клуб „Алексо Огненовски“ од Охрид Тие остварија три победи во исто толку ...
ГРК Охрид забележа убедлива победа на гостувањето кај Мулти Есенс во Скопје, совладувајќи го домаќинот со 42:26, во натпревар од седмото коло во ракометната Супер лига „Гладијаторите“ доминираа во ...
Во рамките на 6 коло од Третата македонска фудбалска лига – Регион 5, Света Троица 2021 и Чардак имаа различен учинок На стадионот „Касарна“ во Охрид, Света Троица 2021 одигра 2:2 против Преспа од ...
Оваа веб-локација користи колачиња за да можеме да ви го обезбедиме најдоброто можно корисничко искуство. Информациите за колачињата се зачувуваат во вашиот прелистувач и извршуваат функции како што се ве препознаваат кога ќе се вратите на нашата веб-локација и му помагаат на нашиот тим да разбере кои делови од веб-локацијата ви се најинтересни и корисни.
Строго неопходни колачиња
Строго неопходното колаче треба да биде овозможено во секое време за да можеме да ги зачуваме вашите параметри за поставките за колачиња.
Ако го оневозможите ова колаче, нема да можеме да ги зачуваме вашите параметри. Ова значи дека секогаш кога ќе ја посетите оваа веб-локација ќе треба повторно да ги овозможите или оневозможите колачињата.